КПС „Осоговски орел“ од Кочани викендов го реализираше планинско-велосипедскиот настан „Манданата“, кој помина во одлична атмосфера, спортски дух и со дружење.

Настанот обедини 50 учесници и голем број љубители на планинскиот велосипедизам од повеќе клубови од цела Македонија, кои преку своето присуство придонесоа за јакнење на спортскиот дух.

Учесниците имаа можност да уживаат во прекрасните природни предели на Осоговските Планини, во адреналинските патеки и одличната организација на настанот. Покрај спортскиот дел, настанот беше и одлична можност за дружење, размена на искуства и зацврстување на пријателствата помеѓу велосипедските клубови.

Настанот е реализиран со поддршка од Општина Кочани, како и од многу учесници, клубови, поддржувачи и волонтери кои беа дел од оваа успешна приказна. Ваквата поддршка и ентузијазам се најголемите мотиви ваквите настани да продолжат и во иднина.