Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, оствари работна средба со претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ во Скопје, на која беа презентирани активностите и проектите на организацијата и можностите за идна соработка со Општина Кочани.
На средбата беа споделени актуелните предизвици со кои се соочува Општината, а се разговараше и за поддршка во градењето на институционалните капацитети и заедничко изнаоѓање решенија за нивно надминување.
Како конкретен чекор кон соработката, договорено е учество на општински претставници на работилницата за службеници на локалната самоуправа и претставници на помалубројните заедници, посветена на партиципативното донесување одлуки и правата и потребите на помалубројните заедници. Работилниците ќе се одржат на 5 и 6 ноември.
Беше разгледана и можноста Општина Кочани да се вклучи во активностите на ОБСЕ планирани за 2027 година, при што претставниците на организацијата ја потврдија подготвеноста за поддршка во јакнењето на локалните капацитети и унапредувањето на соработката