Првачињата од основните училишта во Кочани се зачленија во Детската организација.
Во организација на Општина Кочани, свечениот прием се одржа во салата на Центарот за култура „Бели мугри“, настан на кој со културно-забавни содржини се претставија ученици од сите кочански основни училишта.
Зачленувањето на најмалите ученици во најмасовната организација – Детската организација, традиционално е дел од одбележувањето на Детската недела, како законска манифестација наменета за децата, за сите земји членки на Организацијата на обединетите нации. Годинава Детската недела се одбележува под мотото „Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка“