Во рамките на завршницата од проектот „Ракотворница“, по иницијатива на Општина Кочани денеска се изведе акција за собирање текстилен отпад во кочанските училишта и објекти на Детската градинка „Павлина Велјанова“ каде што има поставено соодветни контејнери.
Акцијата ја поддржаа и Здружението „Синтезис“, коешто во две етапи реализираше работилници за вештини со повторна употреба на текстил, како и Училишниот клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани, чии членови беа вклучени во обуките.
Акцијата помогна наставниците од училиштата и воспитниот кадар од Детската градинка „Павлина Велјанова“, од објектите „Бамби“, „Цветови“ и „Сончогледи“ да ги едуцираат најмладите за значењето на правилното изнесување и рециклирање на текстилот, а со тоа и заштитата на животната средина.
Општина Кочани ги повикува жителите текстилниот отпад да го изнесуваат во соодветните контејнери за текстилен отпад.
(Фотографиите се од акциите во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“, ОУ „Крсте Мисирков“ – Оризари и ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани