Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ги прими официјалните делегации и фолклорните состави што пристигнаа во Кочани по повод манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
Гости на 35. издание на оваа стопанско-културна манифестација се делегации од Општина Перник, Бугарија и од Јесенице, Словенија.
Во рамките на културната соработка гостуваат ФА „Граово“, Перник, Бугарија; ФС СД „Младост“, Босилеград, Србија и ФА „Рожаје“, Рожаје, Црна Гора. Домаќин на гостинските ансабли е ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари.
На приемот, градоначалникот Грозданов ги изрази честа и задоволството што Кочани и годинава е домаќин на гости од регионот и пошироко, истакнувајќи дека ваквите средби се значаен придонес кон продлабочувањето на пријателските врски, меѓусебното запознавање и културната размена.