ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти

„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти

Денеска Кочани беше домаќин на гастрономскиот настан „Шпански денови на вкусот – спој на традициите“, што се реализираше под покровителство на Амбасадата на Шпанија и Општина Кочани.

На Летната сцена при Центарот за култура „Бели мугри“, беа подготвувани традиционални шпански рецепти  со кочански ориз. На познатото готвачко име Луис Аруфат му помагаа Јорди Травињо од Ефехота кулинари скул од Италија, како и ученици од неколку македонски училишта за готвење, меѓу кои и првото приватно „ФЈ кулинарско училиште“ од Скопје.

Шпанскиот кулинарски експерт Луис Аруфат успеа да ја спои локалната традиција поврзана со автентичниот кочански ориз со богатството на шпанската гастрономија, па посетителите имаа настан исполнет со вкусови, знаење и културна размена.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email