ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани со свечен концерт прослави 70 години постоење

Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани со свечен концерт прослави 70 години постоење

Со свечен концерт во салата на Центарот за култура „Бели мугри“,  учениците и наставниците од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани ги одбележаа патрониот празник и 70-годишнината од основањето.

Под диригентство на директорката Марија Лазарова, хорот и оркестарот на училиштето пред публиката изведоа познати музички композиции.

Директорката Лазарова изрази почит и благодарност кон ликот и делото на професорот Јуруков и истакна дека празнувањето е можност да им се оддаде признание на сите генерации кои со труд и љубов придонеле за угледот на училиштето.

На манифестацијата беа доделени плакети на долгогодишните поддржувачи на училиштето, а за ученик на генерацијата годинава беше прогласен Климент Филипов.

Училиштето „Ристо Јуруков“ останува препознатлив расадник на млади музички таленти, а неговиот наставен кадар со својот постојан ангажман е значаен двигател на локалната музичка и културна сцена.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email