ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Австрискиот амбасадор Мартин Памер – на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

Австрискиот амбасадор Мартин Памер – на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

Амбасадорот на АвстријаМартин Памер, ја посети Општина Кочани, при што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов.

На средбата се разговараше за лекувањето и поддршката на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, за актуелната состојба во Кочани по трагичниот настан, како и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Посебен акцент беше ставен на интересот за австриски инвестиции во регионот и за потенцијалите што ги нуди општината во повеќе области.

Градоначалникот Грозданов го информираше амбасадорот Памер за активностите што ги презема локалната самоуправа во насока на справување со последиците од несреќата, како и за тековните и планираните развојни проекти. Притоа беше истакната важноста од меѓународната поддршка и солидарност во процесот на закрепнување на заедницата.

Во рамките на престојот во Кочани, амбасадорот Памер ги посети ОУ „Раде Кратовче“Територијална противпожарна единица Кочани и Геотерма, каде што се запозна со условите за работа, капацитетите и можностите за понатамошна соработка.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email