ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари

Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари

По повод патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, претседателот на Советот, Александар Андов, и членови на Советот положија свежо цвеќе пред бистата на Мисирков во училишниот двор.

Почит кон патронот оддадоа и директорката Милева Богданова, наставници и ученици од училиштето, како и претставници на Здружението на борците од НОБ. Во рамки на одбележувањето, ученичката Кристина Ангелова рецитираше стихови посветени на Мисирков.

Во годината кога се одбележуваат 100 години од смртта на Крсте Петков Мисирков, патрониот празник потсети на неговото историско дело и на неговиот врвен придонес во афирмацијата на македонскиот јазик, националната самобитност и македонскиот културен идентитет.

Општина Кочани им го честита патрониот празник на учениците, наставниците и на сите вработени во училиштето.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email