ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Средба на градоначалникот Владко Грозданов со амбасадорката на Холандија Узлем Џанел

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел.   На средбата се разговараше за актуелната состојба во Кочани, со посебен осврт на предизвиците во периодот на закрепнување, како и за можните облици на понатамошна поддршка и продлабочување на соработката меѓу Општината и холандските партнери. Амбасадорката Џанел истакна […]

Уредување на вегетацијата околу столбовите за јавно осветлување на влезот во Кочани

Екипи на Општина Кочани и избраниот изведувач за одржување на јавното осветлување „Електрика“, со поддршка од КЈП „Водовод“ и МВР, реализираат координирана акција за кастрење на вегетацијата околу столбовите за јавно осветлување. Акцијата се спроведува на потегот познат како Зелен Појас, по улицата „Димитар Влахов“ до спојот со улицата „Павлина Велјанова“, каде што во изминатиот период обраснатите дрвја […]

Донирани производи за повредени во пожарот

Во знак на почит и солидарност со повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и претставници на компанијата „Лекер – Везешари“ од Тетово, доделија пакети со производи како поддршка за настраданите.   Претставниците на компанијата истакнаа дека оваа донација е израз на човечка грижа и солидарност. – Производите што […]

Можност за предлози од граѓаните – Планот за одржлива урбана мобилност е на увид од јавноста

На 23 февруари 2026 г., во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа јавна консултација во врска со Планот за одржлива урбана мобилност за Кочани.   Иницијативата „Развивање на планови за одржлива урбана мобилност за општините Кочани, Кавадарци, Струга, Струмица и Прилеп“ е дел од Проектот за поврзување на локални патишта со поддршка на Меѓународна банка […]

Градоначалникот Владко Грозданов го прими во официјална посета амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер

Делегација од Амбасадата на Швајцарија, предводена од амбасадорот Кристоф Зомер денеска беше во официјална посета на Општина Кочани, каде што оствари средба со  градоначалникот Владко Грозданов.   На средбата беа разменети мислења за справувањето со последиците од трагедијата во „Пулс“, при што акцент беше ставен на преземените активности и научените лекции од изминатиот период. Во […]

Општина Кочани продолжува со озеленување на јавните површини

Општина Кочани ги продолжува редовните активности за уредување и обновување на јавните зелени површини во градот. Во изминатиот период беа обновени оштетените и исушените садници во разделното зеленило и на тротоари на улици во централното градско подрачје: „Стево Теодосиевски“, „Тодосија Паунов“, „Борис Трајковски“, „Глигор Апостолов-Гочо“ и др. Во рамки на акцијата се засадени нови садници од […]