ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

„Денови на медот“, по 29. пат во Кочани

„Денови на медот“, по 29. пат во Кочани

На 24 и 25 октомври во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа традиционалната манифестација „Денови на медот“, која по 29. пат ги обедини пчеларите и љубителите на медот и пчелните производи.

Во организација на Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани, своите производи ги претставија излагачи од Пробиштип, Велес, Кавадарци, Кочани и други места во земјата. Меѓу присутните на манифестацијата беше и градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, кој со своето присуство даде поддршка на пчеларите и на нивната работа.

Посетителите имаа можност да се запознаат со понудата и непосредно од производителите да дознаат повеќе за медот и останатите пчелни производи.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email