ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“

Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“

На 12 ноември, во амфитеатарот на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се одржа стручна работилница под наслов „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“.

Настанот е дел од активностите на европскиот проект AgriExcel – „Забрзување на еволуцијата на земјоделската технологија во земјоделско-прехранбениот систем на ЕУ“ финансиран од програмата Interreg Europe, во кој Општина Кочани учествува како проектен партнер, додека Земјоделскиот факултет е вклучен како клучна засегната страна која дава директна поддршка со својата научна и стручна експертиза.

Работилницата ја отвори деканката на Земјоделскиот факултет, проф. д-р Емилија Арсов, која во своето воведно обраќање ја нагласи важноста од поврзувањето на локалната самоуправа, академската заедница, компаниите и земјоделците во функција на модернизација и унапредување на аграрниот сектор.

Главната цел на работилницата беше разгледување на дигиталните решенија и алатки во сточарското и растителното производство и споделување добри земјоделски практики базирани на принципите на одржливо земјоделство.

Настанот успешно обедини претставници од сите релевантни чинители – земјоделци, советници, претставници од приватниот сектор, локалната самоуправа и академската заедница, со заедничка заложба за понатамошна размена на знаења и зајакнување на меѓусебната соработка во регионот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email