ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Амбасадорот на Грција Јанис Малукос во посета на Општина Кочани

Амбасадорот на Грција Јанис Малукос во посета на Општина Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Република Северна Македонија, Јанис Малукос, кој беше придружуван од заменик-амбасадорката Кристина Василату.

На средбата, градоначалникот Грозданов ја истакна досегашната добра соработка и изрази благодарност за поддршката што грчката страна ја даде во посттрауматскиот период, во насока на помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“.

За амбасадорот Малукос, ова е прва посета на општина по неговото назначување на новата дипломатска функција, што претставува потврда на подготвеноста за продолжување и унапредување на досегашната соработка.

На средбата беше истакнато значењето на меѓусебната поддршка и на продолжувањето на добрите односи и соработката меѓу двете земји, вклучително и на локално ниво.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email