ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина

Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина

Денеска во Кочани, Амбасадата на Кралството Холандија, во соработка со Општина Кочани, го одбележа Денот на претприемачот преку симболична зелена акција и работна средба посветена на локалниот развој и соработката.

Активностите започнаа во Паркот на Револуцијата во Кочани, каде што беа засадени илјада лалиња. Во садењето учествуваа амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел и градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов со претставници на граѓански организации и деловни субјекти. Акцијата симболично упатува на трпение и одржливост: она што е засадено во ноември ќе процвета во април, односно иницијативите во заедницата да созреваат постепено и со план.

По оваа акција, се одржа средба на која присуствуваа претставници на холандски компании од регионот, невладини организации и локални институции. Наместо класичен панел, учесниците разговараа во форма на мешани кругови. Меѓусебниот дијалог на стопанствениците, институциите и граѓанскиот сектор  беше насочен кон вработувањето и поддршка за младите, услугите за поддршка на работната сила и на одговорното деловно однесување.

Заедничкото одбележување на Денот на претприемачот покажа дека идеите за зајакнување на локалната економија и заедница бараат партнерство, посветеност и време за реализација, а соработката воспоставена меѓу дипломатскиот сектор, локалната самоуправа, стопанскиот сектор и граѓанските организации претставува стабилна основа за иден развој на Кочани и на целиот регион.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email