ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

Под наслов „Кочани одблиску“, Градскиот парк во Кочани денеска беше место за презентација на активностите на институции, граѓански организации, клубови и поединци од локалната заедница, во рамките на програмата на „Денови на кочанскиот ориз“.

На настанот своите активности ги претставија околу 20-ина правни и физички лица, меѓу кои спортски и рекреативни клубови, здруженија што работат во областа на заштитата на природата, пчеларството, ракотворење, училишта, како и организации и поединци активни во реализацијата на психосоцијални активности.
Преку штандови, презентации и непосредна комуникација со посетителите, учесниците ги претставија својата работа, иницијативи и активности, овозможувајќи им на граѓаните одблизу да се запознаат со можностите за вклучување во различни локални активности.
Паралелно со презентацијата, пред најмладата публика во Градскиот парк настапи диџеј Боно.
Настанот уште еднаш ја потврди активната улога на локалната заедница во креирањето на содржини кои ги поврзуваат граѓаните, организациите и институциите во Кочани.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email