Кочани во зелено по повод Европскиот ден на донирање органи, ткива и клетки
По повод Европскиот ден на донирање органи, ткива и клетки, објектот на НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани е осветлен во зелена боја – симбол на оваа иницијатива.
Со овој симболичен гест, Општина Кочани, на повик на Министерството за здравство, се приклучува кон одбележувањето на денот и подигнувањето на јавната свест за значењето на донирањето органи, ткива и клетки и трансплантацијата.
Донирањето е чин на хуманост и солидарност што дава нова надеж и можност за живот.