По повод Меѓународниот ден на белиот стап, в четврток, 15 октомври, со почеток во 12 часот, во Центарот за млади „Гнездо“ во Кочани ќе биде отворена изложба на изработки од Славица Димитрова.
Настанот ќе биде збогатен со поетско читање, а неговата цел е да се подигне свеста за потребите, правата и можностите на лицата со оштетен вид, како и да се поттикнат поголемо разбирање, почитување и поддршка од заедницата.