Општина Кочани известува дека собирот на граѓани закажан за в понеделник, на 28 септември 2026 година, во месноста Крушка („Три багрема“), наместо во 15 ч, ќе се одржи со почеток во 17 ч.
На собирот ќе се избираат членови на органите на месна самоуправа за населените места: Полаки, Ново Село, Горно Гратче, Костин Дол, Речани, Небојани и Главовица.
Жителите со право на глас со себе треба да понесат документ за идентификација – лична карта.