Во рамките на традиционалното одбележување на Месецот на книгата, годинава во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани ќе се одржи јубилејното, 20. издание на Саемот на книгата.
Официјалното отворање ќе биде на 9 ноември 2026 година (понеделник), во 12 часот. Саемот ќе трае од 9 до 14 ноември, со работно време од 10 до 18 часот.
Традиционално, ќе учествуваат повеќе издавачки куќи од Македонија со голем избор на литература од нивната издавачка продукција.
„Читај книги, збогати го знаењето, осветли ја својата иднина!“
Повелете, изберете ја омилената книга!