На 22 септември 2026 година (вторник), со почеток во 15 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 18. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
1. Решение за запирање на објавувањето на Одлуката за давање на користење просторија во сопственост на Општина Кочани на Советот на Општина Кочани, без надомест
2. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2026 година
3. Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2026 година
Седницата ќе се одржи во салата на катот во Мултикултурниот центар