ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Градоначалникот Грозданов со честитка по повод Илинден: Благословена да е утробата на секоја мајка што ќе го продолжи македонскиот род

Градоначалникот Грозданов со честитка по повод Илинден: Благословена да е утробата на секоја мајка што ќе го продолжи македонскиот род

По повод големиот национален празник Илинден, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, членови од Советот на Општината и општински граѓански и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата.

–  Денеска одбележуваме123 години од Илинденското востание во Крушево и 82 години од АСНОМ. 2 Август не е само обичен датум. 2 Август обединува два различни датума, една идеологија, многу генерации, една визија, а тоа е татковината на кога илинденците во 1903 се охрабрија и го подигнаа својот глас знаејќи и без тоа дека се многу послаби од противникот, невооружани, речиси и со голи раце и кога 10 дена нивното востание беше задушено и платија со своите животи, а своите коски ги оставија во темелите на нашата држава.

На 2 Август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ тие темели се надоградија со столбовите, институционалните столбови на нашата идна држава. А со осамостојувањето, еве денес, можеме гордо да кажеме дека живееме во слободна држава, го зборуваме мајчиниот јазик и ги градиме институциите самите ние. Слава на хероите. Благословена да е утробата на секоја мајка што ќе го продолжи македонскиот род. Благословени да се нашите наследници. Ние сме должни да го браниме заветот, а аманетот нека остане за идните генерации. За многу години, нека е вечен Илинден, да е вечна Македонија – повика градоначалникот Грозданов.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email