Денеска, во салата на Советот на Општина Кочани, во Мултикултурниот центар, пред градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и службеници во Општина Кочани беше презентиран проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“.
Претставник на Здружението на граѓани „СупортКо“ – Кочани ги запозна присутните со проектот и со Националниот протокол за работа со млади во услови на кризи, како практична рамка за организирано, безбедно и координирано постапување со младите во кризни ситуации.
Беа претставени целите и значењето на Протоколот, со посебен акцент на меѓусекторската соработка, навременото информирање, психосоцијалната поддршка и координираното дејствување на институциите и организациите во услови на криза.
Проектот го спроведува ЗГ „Младите можат“ – Скопје, во партнерство со ЗГ „СупортКо“ – Кочани.
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја истакна поддршката на иницијативата и ја потврди подготвеноста за соработка во активности насочени кон зајакнување на локалните капацитети и обезбедување соодветна поддршка за младите во услови на кризи.