ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Библиотеката „Искра“ го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право

Библиотеката „Искра“ го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право

Денеска, ЈОУ Библиотека „Искра“ го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право.

 

На настанот, библиотекарот Благој Рашков ја прочита националната порака по повод празникот, годинава напишана од Иван Шопов, во која се истакнува трајната вредност на книгата како извор на инспирација и простор за дијалог.

Директорката на „Искра“, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова ги додели наградите на највредните и најуредните читатели: Мартина Димитрова, Вилија Камбова Илиева и Виолета Ѓеорѓиева.

Во рамките на празнувањето беше промовирана и стихозбирката „Опеани спомени“ од роднокрајната авторка Блашка Стојкова.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email