ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Градоначалникот на Кочани со повик за достоинствено одбележување на 16 март

Градоначалникот на Кочани со повик за достоинствено одбележување на 16 март

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и Организацискиот одбор за одбележување на годишнината од трагичниот настан во Кочани, денеска одржаа прес-конференција, на која упатија препорака за достоинствено одбележување на 16 март, со длабока почит кон загинатите и со искрена грижа за закрепнување на повредените.

Во тој контекст,  градоначалникот упати препорака до сите јавни институции и правни субјекти:

– Ги повикуваме институциите, во рамките на своите можности и организацијата на работниот процес, да покажат разбирање и да создадат услови граѓаните и вработените достоинствено да оддадат почит и да учествуваат во активностите посветени на сеќавањето на жртвите. Воедно упатуваме апел и до правните субјекти од приватниот сектор, согласно нивните можности, да ја поддржат оваа иницијатива и да придонесат кон достоинствено одбележување на овој ден на сеќавање. Наша заедничка обврска е да ги зачуваме сеќавањата, да покажеме почит кон загинатите и да останеме покрај повредените и нивните семејства. Кочани никогаш нема да ги заборави своите деца, но Кочани ќе продолжи да живее –  со солидарност и со надеж – истакна Грозданов.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email