ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Уредување на вегетацијата околу столбовите за јавно осветлување на влезот во Кочани

Уредување на вегетацијата околу столбовите за јавно осветлување на влезот во Кочани

Екипи на Општина Кочани и избраниот изведувач за одржување на јавното осветлување „Електрика“, со поддршка од КЈП „Водовод“ и МВР, реализираат координирана акција за кастрење на вегетацијата околу столбовите за јавно осветлување.

Акцијата се спроведува на потегот познат како Зелен Појас, по улицата „Димитар Влахов“ до спојот со улицата „Павлина Велјанова“, каде што во изминатиот период обраснатите дрвја и гранки значително ја намалија ефикасноста на уличното осветлување.

Ослободувањето на светилките од обраснатите гранки ќе придонесе за непречено ширење на светлината и рамномерно и поефикасно осветлување на јавниот простор.

Надлежните информираат дека ваквата акција ќе продолжи и на други критични локации во Кочани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email