Концертот на македонскиот гитарист со светско реноме Влатко Стефановски, кој на 2 октомври ќе се одржи во Кочани, во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, ќе има посебна, хуманитарна и длабоко човечка порака.
Средствата што Општина Кочани ги издвои за концертот, Влатко Стефановски ќе ги намени во хуманитарни цели.
Гестот на Влатко Стефановски за Кочани има особено значење затоа што поддршката доаѓа не само од голем уметник, туку од човек кој преку својата музика избира да биде хуман.