ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

Во присуство на министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, денеска во Кочани е означен официјалниот почеток на изградбата на Домот за престој на стари лица, со поставување на камен-темелникот на градежната парцела во кругот на поранешната касарна.

– Со реализацијата на овој проект, Кочани ќе добие современ објект наменет за организирано и групно домување на стари лица, со соодветни услови за престој, грижа и секојдневно функционирање на корисниците. Веќе се завршени подготвителните и земјените работи на ламелата 1, а ќе се продолжи со работите на ламела 2. За првата фаза е планирана градба до карабина со покрив и надворешна фасада, како и изведба на водовод и канализација, така што очекуваме овој објект да биде реалност, а не само ветување од предизборните програми – соопшти градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов.
Домот е проектиран со приземје, три ката и поткровје. Градежната парцела има површина од 4.649 квадратни метри, додека површината за градба изнесува 3.254 квадратни метри. При градбата ќе се применат принципите на енергетска ефикасност, со решенија што треба да овозможат максимална заштеда на енергија и рационално користење на ресурсите.
Домот е со капацитет за 141 лице, од кои 47 места се наменети за лица со посебни потреби. Со тоа, објектот ќе обезбеди услови за различни категории корисници и ќе одговори на потребата од организирана институционална грижа и престој за старите лица. Проектното решение предвидува и придружни содржини со кои треба да се задоволат потребите на корисниците во секојдневниот престој, додека потребите за паркирање ќе се решаваат во рамките на градежната парцела. Во нејзините граници се планирани и пешачки и зелени површини.
Министерот Ѓоко Велковски го истакна значењето на заложбите на локалната самоуправа во започнувањето на градба на старечки дом, кој е од големо значење за општините од Источниот Регион.
Носител на групата економски оператори е „Фишер-Тихи“ од Куманово, заедно со „Стентон градба“ од Битола.
Вкупната вредност на договорот за изградба изнесува 247.677.656 денари, со вклучен ДДВ.
Со изградбата на Домот, градот ќе добие нова установа за престој на стари лица, проектирана да обезбеди соодветни просторни, функционални и енергетски услови за своите идни корисници.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email