ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Општина Кочани продолжува со озеленување на јавните површини

Општина Кочани продолжува со озеленување на јавните површини

Општина Кочани ги продолжува редовните активности за уредување и обновување на јавните зелени површини во градот. Во изминатиот период беа обновени оштетените и исушените садници во разделното зеленило и на тротоари на улици во централното градско подрачје: „Стево Теодосиевски“, „Тодосија Паунов“, „Борис Трајковски“, „Глигор Апостолов-Гочо“ и др.

Во рамки на акцијата се засадени нови садници од јавор, јасен и црвена слива, со што се збогатува урбаното зеленило и се подобрува амбиентот во градот. Активностите продолжуваат и оваа седмица со садење фиданки на улицата „Роза Петрова“ и во населбата Усова Чешма.

Од почетокот на годината до денес, на различни локации низ градот се засадени околу 600 чемпреси, како дел од програмските активности на Општина Кочани и континуираните напори за создавање поздрава животна средина.

Надлежните општински служби упатуваат апел до граѓаните совесно да се однесуваат кон новозасадените садници, да не го оштетуваат зеленилото и, каде што е можно, да се вклучат во грижата за растенијата во својата непосредна околина.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email