По повод Европската недела на мобилност, под мотото „Безбедно движење – заедничка грижа на сите!“, во салата на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, се одржа едукативно предавање посветено на безбедноста во сообраќајот.
Предавачи беа претставници од Полициската станица Кочани, кои пред учениците и родителите говореа за правилата и законските прописи за поголема безбедност во сообраќајот. Посебно внимание беше посветено на безбедното управување велосипеди и електрични тротинети, правилното и безбедно преминување на пешачки премин и на важноста од одговорното однесување на сите учесници во сообраќајот.
Во активноста учествуваа ученици од прво до деветто одделение со нивните родители. Учениците, на креативен начин ги претставија опасностите и правилното однесување во сообраќајот и имаа можност отворено да ги споделат проблемите со кои секојдневно се соочуваат како пешаци и велосипедисти.
Настанот е дел од низата едукативни и превентивни активности што ги спроведуваат Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Полициската станица Кочани и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.