Полна сала во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ги пречека стендап артистите Бојан Велевски и Боби Додевски, кои со две изведби понудија смеа и добро расположение кај публиката.
– Настапите се дел од заложбите за збогатување на културно-забавната понуда во Кочани и создавање содржини што ќе придонесат за враќање на енергијата, добрата волја и заедништвото кај граѓаните. Со поддршка од Општина Кочани, ваквите содржини ќе продолжат и наредниов период, а публиката може да очекува нови средби со познати македонски уметници – најави Владко Грозданов, градоначалник на Општина Кочани.
Градоначалникот Грозданов и претседателот на Советот на Општина Кочани Александар Андов им врачија благодарници на Велевски и на Додевски за поддршката на Кочани.