Во просториите на Локалниот младински совет во Мултикултурниот центар во Кочани, Општина Кочани во соработка со стручни лица – психолози, организираше работилница на тема: „Гласот на учениците – за училиште без насилство“.
Во работилницата учествуваа претседателите на училишните парламенти и училишните правобранители со нивните заменици од основните училишта „Св. Кирил и Методиј“, „Никола Карев“, „Малина Попиванова“ од Кочани и „Крсте Мисирков“ од Оризари.
Работилницата активно ги вклучи учениците во препознавањето на врсничкото насилство, споделувањето на нивните ставови и искуства, како и во креирањето идеи и предлози за побезбедна, посигурна и поттикнувачка училишна средина.
Активизмот против врсничкото насилство продолжува со прашалник за врсничкото насилство, со кој ќе се испита јавното мислење за сознанијата, препознавањето и активностите што треба да се преземат при овој вид насилство.