ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости• Соопштенија

Тридневен музички настан посветен на чембалото и барокната музика во Кочани

Тридневен музички настан посветен на чембалото и барокната музика во Кочани

Од 27 до 29 ноември 2026 година, во Мултикултурниот центар во Кочани, ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани, во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија, организира тридневен музички настан посветен на чембалото и барокната музика.

Настанот има за цел да го доближи чембалото, како инструмент со специфичен звук, богата историја и значајно место во европската музичка традиција, до пошироката публика.

Предавач на настанот ќе биде Цветанка Созовска, магистер по чембало, која своето професионално музичко искуство го гради во Македонија и во Холандија. Преку едукативни презентации и практични работилници, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со особеностите на чембалото, неговите изведувачки техники и специфичностите на барокниот музички израз.

Програмата ќе започне на 27 ноември (петок), во 12 часот, со презентација на чембалото и работилници со пијанисти. На 28 ноември (сабота), со почеток во 10 часот, ќе се одржат работилници за камерна музика.

Завршниот концерт ќе се одржи на 29 ноември (недела), во 16 часот, кога публиката ќе има можност да ужива во изведби на чембало и дела од барокната музичка епоха.

Организаторите ги покануваат љубителите на музиката, уметноста и културата да присуствуваат на настанот и да бидат дел од музичката средба, која претставува можност за афирмација на класичната музика, поттикнување интерес за чембалото и промоција на богатото европско музичко наследство.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email