ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани

По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов изврши увид во градежните активности на Домот за стари лица, каде што констатира засилени градежни активности.

– Факт е дека изгубивме драгоцено време во летниот период, но не поради нас, туку поради застарениот проект и поради недостатоците кои беа детектирани во самиот проект. Всушност самиот објект беше поставен хоризонтално, како еден вид брана на ова сливно подрачје.

Минавме низ многу тежок период за нас, бидејќи се појави потребата од ново проектирање, но во ниту еден момент не се откажавме од идејата за реализација на овој исклучително значаен проект.

Направивме неколку измени во самата проектна документација, заклучивме дека е потребна канализација на атмосферските води, ја дефиниравме канализациската мрежа и сето тоа, по долго и макотрпно работење, со корекции, конечно е решено. Сведоци сме на интензивна градежна активност и се надеваме на напредок на објектот – соопшти градоначалникот Грозданов.

Активностите за решавање на сите прашања што произлегуваат од измените на проектот продолжија со средба на градоначалникот Грозданов и стручните служби од Општина Кочани со претставниците од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email