ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Саботна акција за крпење на улиците во Кочани

Саботна акција за крпење на улиците во Кочани

На 14 ноември, на повеќе улици во Кочани се изврши санација на ударните дупки со топла асфалтна маса. Работите ги изведе фирмата „Стоименов“, со цел да се подобрат условите за движење и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

По препорака на градоначалникот Владко Грозданов, активностите се изведуваат во сабота, кога сообраќајот е со помал интензитет, за да се избегне создавање сообраќаен метеж и да се овозможи непречено извршување на работите.

Санацијата ќе продолжи со асфалтирање на преостанатите подготвени површини.

Општина Кочани упатува апел до возачите за внимателно движење на местата каде што се изведуваат работите и им благодари на сите учесници во сообраќајот за трпението и разбирањето.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email