Над 140 љубители на планинското трчање од Македонија и од странство учествуваа на овогодишната трка „Гратче треил“, во организација на Клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани, што се реализира под покровителство на Општина Кочани.
Патеката долга 18 километри, по ридско-планински терен со висинска разлика од над 750 метри, беше предизвик за издржливоста и подготвеноста на учесниците, но и можност за доживување на природните убавини на пределот околу езерото Гратче.
Градоначалникот Владко Грозданов ги додели наградите на најуспешните натпреварувачи и ја истакна својата поддршка за ваквите настани и иницијативи, кои го поттикнуваат спортскиот дух и придонесуваат за промоција на Кочани.
Со организацијата на овој настан, членовите на „Осоговски орел“ и претседателот Гоце Тошев придонесуваат за развојот на планинското трчање и за промоцијата на природните убавини во Кочанско.