ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Седници на Советот за развој на ИПР и на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад

Седници на Советот за развој на ИПР и на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад

На 2 ноември во Општина Чешиново-Облешево, Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот Плански Регион ја одржа својата втора седница под претседателство на градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов. На седницата беа презентирани Нацрт-регионалниот план за управување со отпад од компанијата „Енвироплан“, како и информацијата за затворање на дивите депонии во регионот. Воедно, се разгледуваше напредокот за изградба на централната постројка за отпад во Свети Николе и шесте локални постројки во Берово, Македонска Каменица, Виница, Штип, Ранковце и Куманово.

Советот за развој на Источниот Плански Регион ja одржа и шестата редовна седница на која беа разгледани прашања од јавното здравје, животната средина и младинските политики. Во фокусот беа предлог-проектите за регионална заштита од комарци, формирање центар за бездомни кучиња и отворање Театар за деца и млади во регионот. Советот ја разгледа и иницијативата за воспоставување Регионален кариерен центар поврзан со концептот internet café.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email