Денес во Кочани беше отворен новиот Центар за услуги, во присуство на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов, претседателот на Советот Александар Андов и пратеникот Миле Лефков.
Центарот ќе им овозможи на граѓаните полесен пристап до електронските услуги – од користење на порталот uslugi.gov.mk, до директно добивање на потребните услуги на едно место.
Изводи од матичните книги, потврди од казнената и кривичната евиденција, како и услуги од Катастар, ПИОМ и други институции, отсега ќе бидат поблиску и подостапни за граѓаните на Кочани.
На овој начин се намалува потребата граѓаните да посетуваат повеќе институции, се скратува времето на чекање и се овозможува побрзо и поефикасно добивање на потребните услуги.