Денеска, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, претседателот на Советот Александар Андов и пратеникот Миле Лефков ја посетија СТЕМ Роботика Кочани, каде што заедно со сопственикот Гордан Анастасов имаа можност одблиску да се запознаат со работата и проектите на младите учесници.
Децата ги презентираа своите проекти и програмирани LEGO роботи, покажувајќи ги знаењата и вештините што ги стекнуваат преку практична работа, блок-програмирање, Scratch и Python.
За време на посетата се разговараше за сè поголемиот интерес на децата за роботиката, програмирањето и новите технологии, како и за значењето на ваквиот начин на учење во развивањето на логичкото и креативното размислување. Посебно беше истакнато дека преку презентацијата на сопствените проекти, децата истовремено ги развиваат самодовербата, комуникациските и ораторските способности.
Ваквиот начин на учење го поттикнува интересот на најмладите кон технологијата и програмирањето и им овозможува своите идеи да ги преточат во практични и креативни решенија.