ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

Синоќа, во Етнокуќата во Кочани се одржа првата од новата серија работилници за изработка на ракотворби што ја реализира Здружението „Синтезис“ од Кочани, со поддршка од Општина Кочани.

Во работилницата се вклучија и заинтересирани членови од Училишниот клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани, кои со помош на обучувачки започнаа со изработка на производи на вертикален разбој, користејќи тексас од стари фармерки.
Целта на „Ракотворница“ е да ги поттикнува вештините за ракотворење и да даде придонес во циркуларната економија, односно, во овој случај, текстилниот отпад да стане суровина за нови производи.
Изработените производи ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
Проектот е дел од Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2026 година, како и од Стратешката рамка за економско јакнење на жените, 2026 – 2030.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email