По повод 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, Општина Кочани објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за претставување на граѓански здруженија, невладини организации, спортски и рекреативни клубови и друштва, установи и институции
Претставувањето може да биде на штандови со рекламен материјал, рачни изработки, претставување на спортски клубови во посебни катчиња преку изведување на спортски вештини и други дисциплини како роботика и сл. Со свој штанд можат да се претстават и здруженијата од култура и други области.
Заинтересираните можат да се пријават за учество во Одделението за јавни дејности, на е-адреса: i.karova@kocani.gov.mk, да достават биографија на субјектот и да го опишат начинот на претставување на манифестацијата.
Лице за контакт: Голубинка Георгиева 072 275 610
Пријавувањето е најдоцна до 25 септември 2026 г., (петок), до 12 ч.
Настанот ќе се одржи на 3 октомври 2026 г. (сабота), од 10 до 13 ч. во Градскиот парк во Кочани.