ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК | Станете сертифициран KNVB WorldCoach!

ЈАВЕН ПОВИК | Станете сертифициран KNVB WorldCoach!

Пријавете се за KNVB WorldCoaches – Фудбал и животни вештини и станете дел од меѓународната општествена програма на Кралската фудбалска асоцијација на Холандија – KNVB.
Преку практична и интерактивна обука ќе се запознаете со WorldCoaches методологијата и ќе развивате вештини за тренерска работа, комуникација, тимска работа, лидерство, почитување, одговорност и фер-плеј. Обуката ја спроведува KNVB инструктор од Холандија.
👥 Кој може да се пријави?
Тренери, наставници по физичко образование, младински и спортски работници, волонтери и други мотивирани лица поврзани со спортот и/или работата со деца.
📍 Локација: Градски фудбалски стадион „Никола Мантов“, Кочани
📅 Дел 1: 14–18 октомври 2026 (секој ден од 09:00–17:00)
📅 Дел 2: 25–29 ноември 2026 (секој ден од 09:00–17:00)
Повикот е отворен за учесници од Кочани, Виница, Делчево, Штип, Македонска Каменица, Пробиштип, Пехчево и Берово.
📝 Пријавување до 25 септември 2026:
Повеќе за програмата:
Обуката и програмата се реализираат со поддршка на UEFA Foundation for Children, Амбасадата на Кралството Холандија во С.Македонија, Општина Кочани и KNVB.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email