ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

На 5 јуни во Кочани – акција за собирање текстилен отпад

На 5 јуни во Кочани – акција за собирање текстилен отпад

По повод 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина, в петок, 5 јуни 2026 година, во 10 ч., во ОУ „Свети Кирил и Методиј“, Општина Кочани и Здружението „Синтезис“ од Кочани, организираат акција за собирање текстилен отпад.

Акцијата има цел да ја потсети јавноста дека текстилниот отпад не треба да се меша со комуналниот или со други видови отпад и дека од април оваа година во Кочани има 10 локации со поставени контејнери за текстилен отпад. Покрај членови на Здружението „Синтезис“, во акцијата за прибирање текстилен отпад се вклучени и ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј“.
Акцијата е дел од проектот „Ракотворница“, што се реализира изминативе два месеца во „Етнокуќата“, чиј прв дел беше посветен на обука за ткаење од материјали од облека и ткаенини кои повеќе не се употребуваат, а преку процесот добија нова форма и вредност.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email