В петок, 5 јуни, со почеток во 19 ч., во Етнокуќата во Кочани ќе биде отворена изложба на ракотворби подготвени со ткаење на вертикален разбој.
Рачните изработки се создадени во рамките на обука што ги поврзува развојот на практични вештини, креативното изразување, социјалната вклученост и одговорното користење на ресурсите.
Изложбата ќе биде збогатена и со други ракотворби на жителки на Кочани, од кои дел се од втората половина на XX век, а дел се спој на традицијата и современиот израз.
Изложбата е уредена во соработка со Илинка Атанасова, кустос од Кочани.
Работилницата за ткаење и изложбата се дел од проектот „Ракотворница“ што во април и мај оваа година го реализираше Здружението „Синтезис“ од Кочани со поддршка од Општина Кочани.























