ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

Уникатно гастрономско доживување во Кочани – „Шпански денови на вкусот“

Уникатно гастрономско доживување во Кочани – „Шпански денови на вкусот“

На 3 јуни, Кочани ќе биде домаќин на гастрономскиот настан „Шпански денови на вкусот – Фузија на традициите“, кој се реализира под покровителство на Амбасадата на Шпанија и Општина Кочани.
Градот препознатлив по својот автентичен кочански ориз ќе биде местото каде локалната традиција ќе се спои со богатството на шпанската гастрономија, во ден исполнет со вкусови, знаење и културна размена.
Посебен гостин на настанот е шеф Луис Аруфат, шпански кулинарски експерт со богато меѓународно искуство, кој зад себе има соработка со едни од најзначајните имиња и институции во светската гастрономија.
Посетителите ќе имаат можност да проследат презентација на кулинарските можности на кочанскиот ориз, подготовка на традиционални шпански рецепти и да бидат дел од едно навистина посебно гастрономско искуство што ги поврзува македонската и шпанската култура преку храната.
Ве очекуваме заедно да уживаме во ден каде вкусовите ги поврзуваат традициите!
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email