Секторот за планирање и развој, ги врши работите што се однесуваат на:
– локалниот економски развој;
– подготвување програми и проекти и предлагање мерки за поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото на локално ниво;
– учествување во воспоставување и развој на мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;
– остварување соработка со меѓународни организации, невладини, хуманитарни и други организации;
– изготвување на проекти и информации за проекти за аплицирање пред домашни институции и меѓународни организации и асоцијации со цел за добивање на средства во функција на развој на Општината;
– изготвување и извршување на планови за остварување и овозможување на услови за поддршка на туризмот, угостителството и занаетчиството;
– изработување и ажурирање на ГИС;
– вршење на работите на системското инженерство во делот на оперативниот систем, системот на управување со базите на податоците и апликативниот софтвер;
– спроведување мерки за безбедност и заштита на информативниот систем на Општината;
– спроведување постапки за заштита на податоците;
– поврзување нови корисници на компјутерско–комуникациската и ГИС мрежа;
– вршење надзор и одржување на базите на податоците;
– давање помош на корисниците на информациониот систем во работата со базите на податоците;
– вршење и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност согласно законите и другите прописи.