Одделението за комунални дејности ги врши работите што се однесуваат на:
– јавното осветлување на населените места на подрачјето на општината;
– изградба и одржување на комуналните објекти и инсталации, изградба, реконструкција и одржување на улиците, јавното зеленило, јавното осветлување и друга комунална опрема;
– следење на состојбите за уредување и одржување на јавно зеленило;
– вршење други работи што со посебни закони за комунални дејности се дадени во надлежност на Општината;
– следење на прописите и давање мислење по истите од областа на комуналните дејности;
– учествува во изготвување програми и извештаи од област на комуналните дејности;
– други работи што ќе му бидат доверени согласно законите и други прописи, односно од страна на Советот и Градоначалникот на Општината.