ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Се одржа Вториот меморијален шаховски турнир во чест на жртвите во „Пулс“

Се одржа Вториот меморијален шаховски турнир во чест на жртвите во „Пулс“

На 25 април, во хотелот „Национал“ во Кочани се одржа Вториот меморијален шаховски турнир во спомен на загинатите во „Пулс“, на 16 март 20205 година.

На турнирот учествуваа 100 шахисти од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Швајцарија, меѓу кои еден велемајстор, пет интернационални мајстори и седум ФИДЕ-мајстори. 20 % од натпреварувачите беа со висок рејтинг меѓу 2 000 и 2 418 поени.

Покрај меморијалниот, турнирот имаше и хуманитарен карактер, да обезбеди средства за помош на третманот на повредените во трагичниот пожар.

Меморијалниот турнир во шах го организираа Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот клуб „Кочани“ со финансиска поддршка од Општина Кочани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email