ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Средба на градоначалникот Грозданов со претставници на Францускиот институт – Скопје

Средба на градоначалникот Грозданов со претставници на Францускиот институт – Скопје

Со цел да се промовираат францускиот јазик и култура во образовниот систем,  градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов прими претставници од  Францускиот институт во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за воведување на францускиот јазик како слободен изборен предмет во петтите одделенија во основните училишта.

 

На средбата присуствуваше директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар Жислер, аташето за лингвистика во Францускиот институт, Љупка Димова, советничката во Бирото за развој на образованието, Кети Димковска, како и  директорите на основните училиштата каде што се презентираше добра практика со воведување на францускиот јазик во ООУ,,Малина Попиванова“ – Кочани.

Градоначалникот Грозданов истакна дека со најавената оптимизација на училишната мрежа и започнување на едносменско работење во училиштата имаме нови предизвици во образованието, но доколку на понудените анкети на родителите за воведување на францускиот јазик во други училишта има интерес, ќе се излезе во пресрет со поддршка и соработка на Францускиот институт, Бирото за развој на образованието и МОН.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email