Општина Кочани, во соработка со NewMan’s Business Accelerator, ги повикува младите на возраст од 14 до 18 години да се пријават за учество на CASSINI Space Camp „Мисија Македонија 2030: Решавање предизвици на Земјата со вселенски податоци и технологии“.
Кампот ќе се одржи од 10 до 17 јануари 2027 година во Виница, со завршен настан Innovation Expo & Demo Day на 18 јануари во Скопје.
Ќе бидат избрани 35 млади, за кои учеството е целосно бесплатно.
Преку теренски посети, практични работилници и работа со ментори, учесниците ќе истражуваат како сателитските податоци и вселенските технологии можат да помогнат во решавањето реални предизвици на Земјата.
Меѓу темите се земјоделството, користењето на земјиштето и климатската отпорност, со фокус на оризопроизводството, наводнувањето, управувањето со водните ресурси и следењето на ризиците од пожари.
Ги охрабруваме заинтересираните ученици да се пријават, а училиштата, наставниците и младинските организации да го споделат повикот.
Линк кон повикот: https://newmansba.com/…/%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%98…
Повеќе информации: https://www.cassini.eu/spacecamps/northmacedonia