ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

Јавен повик За поднесување на годишен Извештај на спортските клубови,сојузи и здруженија корисници на средства од Програмата за спорт за 2026 година на Општина Кочани поднесување на Програми за спорт за 2027 година на Општина Кочани

Јавен повик За поднесување на годишен Извештај на спортските клубови,сојузи и здруженија корисници на средства од Програмата за спорт за 2026 година на Општина Кочани поднесување на Програми за спорт за 2027 година на Општина Кочани

Врз основа на член 6 и член 8 од Правилникот за постапка и критериуми за распределба на средствата од буџетот на општина Кочани во областа на спортот    бр.09-1808/1 од 22.12.2025 година, Општина Кочани упатува:

ЈАВЕН ПОВИК

За поднесување на годишен Извештај на спортските клубови,сојузи и здруженија корисници на средства од Програмата за спорт за 2026 година на  Општина Кочани поднесување на Програми за спорт за 2027 година на Општина Кочани

 

Спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програната за спорт за 2026 година на  Општина Кочани се должни за потрошените средства кои им биле дадени да достават извештај  до Општина Кочани.

Извештајот од став 1 на овој член ги содржи особено следниве елементи:

Наративен дел:

– Реализирани активности (учества во општински, регионални и национални лиги, државни и меѓународни турнири)
– Остварени спортски резултати 
– Бројност на членови во клубот
– Вклучување на жени во управувачките структури на клубовите, сојузите или здруженијата;
– Интеграција на Ромите и другите етнички заедници;
– Подигање еколошката свест и  здрава животна средина
– Поддржување на масовен спорт, спортски тренинг и натпревари за оспособување на спортистите и спортистките без разлика на верска и етничка припадност за постигнување на врвни спортски резултати;
– Собрани средства од членарина
– Активности со подмладок

Финансиски дел:

– Детален приказ за потрошени средства поткрепен со документација (платени фактури, исплатни листови, извод од банка, фискални сметки, резервации во хотел, билети за транспорт и сл) 

III Критериуми за доделување на средства

Член 9

(1)Според Законот за локална самоуправа и надлежностите на општините, покрај другите надлежнсти предвидено е:

– Обезбедување услови за развој на рекреативниот и масовниот спорт
– Организирање и помагање спортски пригодни активности и манифестации од значење за локалната самоуправа и дефинирање на спортската политика во општина Кочани
– Одржување на спортските сали, терени и рекреативни игралишта.

 

Извештајот спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програната за спорт за 2026 година на  Општина Кочани треба да го достават до едношалтерската канцеларија на Општина Кочани најкасно до 25.11.2026 година

Спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програната за спорт за 2026 година на  Општина Кочани доколку поднесат Извештај  ќе можат да користат средства од Програмата за спорт на Општина Кочани за 2027година.

Прилог: Образец за Извештај на спортските клубови и здруженија.

ОБРАЗЕЦ 

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email